31 Уште истата ноќ, војниците го одведоа Павле до Антипатрида, како што им беше наредено.
32 Следниот ден, пешаците се вратија во воената тврдина, а коњаниците го одведоа кон Цезареја.
33 Кога пристигнаа во Цезареја, му ги предадоа писмото и Павле на гувернерот Феликс.
34 Гувернерот го прочита писмото и го праша Павле од која покраина потекнува, па кога дозна дека е од Киликија
35 му рече: „Ќе те сослушам кога ќе пристигнат и твоите обвинители.“ Потоа нареди да го одведат и да го чуваат под стража во Иродовата палата.