Дела Ап. 24:7-13 MNT

7 Тогаш дојде полковникот Лисија и со голема војска насилно ни го одзеде,

8 наредувајќи ни оние што имаат обвинение против него да дојдат кај Вас.) Сега Вие можете да го сослушате и да дознаете за што го обвинуваме.“

9 И другите Евреи го потврдуваа тоа што го зборуваше Тертул.

10 Гувернерот му даде знак на Павле дека може да зборува. Павле рече: “Знам, господине, дека Вие веќе долго време му служите како судија на нашиот еврејски народ и добро ги познавате работите за кои сум обвинет, и затоа јас со голема доверба во вас ќе ја изложам својата одбрана.

11 Лесно ќе дознаете дека јас во Ерусалим пристигнав на поклонение во храмот пред дванаесетина дена.

12 Ниту во храмот ме затекнале со некого да се расправам, ниту во синагогите, ниту пак во градот сум го подбуцнувал народот на бунт.

13 Тие не можат да го докажат она за што ме обвинуваат.