1 Три дена по преземањето на власта во покраината, Фест отпатува од Цезареја за Ерусалим.
2 Таму Првосвештениците и еврејските челници му го изнесоа своето обвинение против Павле, па го молеа
3 да им направи услуга и да го префрли Павле во Ерусалим, а всушност коваа заговор по пат да го убијат.
4 Но Фест им одговори дека Павле ќе биде задржан во Цезареја, каде што и тој самиот има намера набргу да се врати,
5 па ако тие имаат нешто против Павле нека дојдат со Фест неколку поистакнати луѓе кои ќе поведат обвинение против него.
6 По осум до десет дена, Фест се врати во Цезареја. Следниот ден седна во судот и нареди да го доведат Павле.