Дела Ап. 3:16-22 MNT

16 Овој човек, кого вие добро го познавате, се исцели врз основа на верата во Неговото име. Верата во Исусовото име го оздраве пред вашите очи.

17 Браќа, знам дека вие и вашите водачи го направивте тоа од незнаење,

18 но Бог на тој начин го исполни она што го беше претскажал преку сите пророци: дека Месијата испратен од Него ќе мора да помине низ овие страдања.

19 Затоа покајте се и свртете се кон Бога, за да ви бидат избришани гревовите.

20 Тогаш, присуството на Господ во вашите животи ќе ви донесе освежување и Бог ќе ви Го испрати Месијата Исус, Кој од порано ви беше претскажан.

21 Исус треба да остане на небото, се додека не дојде време Бог да обнови се, како што ни вети уште одамна преку Своите свети пророци.

22 Уште Мојсеј беше претскажал: ,Господ, вашиот Бог, ќе ви издигне од вашиот народ Пророк, како што сум јас. Се што ќе ви каже Тој - слушајте Го!