2 Токму тогаш донесоа еден човек, сакат во нозете од раѓање, што секојдневно го носеа и го оставаа пред познатата ?Красна порта‘, за да проси милостина од луѓето што доаѓаа во храмот.
3 Кога виде дека Петар и Јован ќе влегуваат во храмот, запроси да му дадат нешто.
4 Петар и Јован го погледнаа и му рекоа: „Погледни не!“
5 Сакатиот молежливо ги гледаше, очекувајќи милостина.
6 Тогаш Петар му рече: „Немам ни сребреници, ни златници, но тоа што го имам, ти го давам: Во името на Исус Христос од Назарет, стани и ќе проодиш!“
7 Потоа го фати за десната рака и го исправи. Во истиот миг му зацврснаа стапалата и глуждовите!
8 Скокна, застана на своите нозе и почна да оди! Заедно со нив влезе во храмот, скокајќи и славејќи Го Бога.