13 Иако луѓето многу ги почитуваа, никој не се осмелуваше да им се придружи во храмот.
14 Од друга страна, се умножуваше бројот на луѓето што веруваа во Господ, голем број мажи и жени.
15 Луѓето изнесуваа на улиците болни, положени на носила и постели, со надеж дека барем сенката на апостол Петар ќе падне на некој од нив и ќе ги исцели.
16 Се собираа многу луѓе и од градовите околу Ерусалим. Носеа болни и обземени од демонски духови, и сите беа исцелувани.
17 Тогаш Првосвештеникот и неговите пријатели, садукеите, се исполнија со завист,
18 па ги уапсија апостолите и ги фрлија в затвор.
19 Но уште истата вечер ангел Господов ги отвори вратите на затворот и ги ослободи, велејќи им: