15 Луѓето изнесуваа на улиците болни, положени на носила и постели, со надеж дека барем сенката на апостол Петар ќе падне на некој од нив и ќе ги исцели.
16 Се собираа многу луѓе и од градовите околу Ерусалим. Носеа болни и обземени од демонски духови, и сите беа исцелувани.
17 Тогаш Првосвештеникот и неговите пријатели, садукеите, се исполнија со завист,
18 па ги уапсија апостолите и ги фрлија в затвор.
19 Но уште истата вечер ангел Господов ги отвори вратите на затворот и ги ослободи, велејќи им:
20 „Одете, застанете во храмот и проповедајте им ја на луѓето оваа порака што е од животна важност!“
21 Апостолите го послушаа и уште на разденување влегоа во храмот и ги поучуваа присутните.