18 па ги уапсија апостолите и ги фрлија в затвор.
19 Но уште истата вечер ангел Господов ги отвори вратите на затворот и ги ослободи, велејќи им:
20 „Одете, застанете во храмот и проповедајте им ја на луѓето оваа порака што е од животна важност!“
21 Апостолите го послушаа и уште на разденување влегоа во храмот и ги поучуваа присутните.
22 Но испратените од гардата на храмот не ги најдоа апостолите во затворот, па се вратија и им рекоа:
23 „Затворот беше заклучен, со целото обезбедување и стража пред вратата, но кога влеговме внатре никого не најдовме!“
24 Кога го слушнаа ова, заповедникот на гардата во храмот и Првосвештеникот се збунија и се прашуваа, што треба да значи тоа!?