Дела Ап. 5:30-36 MNT

30 Вие Го убивте Исуса, Го распнавте на крст, но Богот на нашите татковци Го воскресна,

31 Го воздигна како наш Водач и Спасител, па Го постави на почесното место - од Својата десна страна, за да им даде можност на Израелците да се покаат и Бог да им ги прости гревовите.

32 За овие настани сведоци сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се послушни.“

33 Кога членовите на Врховното собрание го слушнаа ова, збеснаа и решија да ги убијат Христовите апостоли!

34 Но стана еден фарисеј по име Гамалиел, вероучител почитуван од целиот народ. Им нареди на апостолите да излезат за кратко.

35 Потоа му се обрати на собранието: „Луѓе Израелци, размислете добро што ќе сторите со овие луѓе!

36 Пред извесно време се беше кренал Тода, Кој за себе тврдеше дека е голем човек. Му се приклучија околу четиристотини луѓе. Тој беше убиен, а сите негови следбеници се распрснаа и исчезнаа.