6 Неколку момчиња станаа, го завиткаа во платно, го изнесоа и го погребаа.
7 По околу три часа, дојде неговата жена и влезе, не знаејќи што се случи.
8 Петар ја праша: „Кажи ми, за толку пари ли беше продадена нивата?“ “Да, за толку“ - рече таа.
9 Петар и рече: „Зошто се договоривте да го ставате на проверка Духот Господов? Еве ги пред врата момчињата што отидоа да го погребат твојот маж, па и тебе мртва ќе те изнесат!“
10 И таа веднаш падна пред неговите нозе и умре. Кога влегоа момчињата, ја најдоа и неа мртва, па ја изнесоа и ја погребаа крај нејзиниот маж.
11 Голем страв ја зафати целата црква и сите што слушнаа за ова.
12 Преку рацете на апостолите беа покажувани многу видливи докази и чуда сред народот. Тие редовно се состануваа во храмот, под Соломоновиот трем, и сите беа сложни.