Дела Ап. 7:30-36 MNT

30 Откако поминаа четириесет години, во пустината, близу до планината Синај, му се појави ангел во пламенот на една запалена грмушка.

31 Кога Мојсеј го виде ова, се зачуди и појде таму за да види одблизу. Тогаш го чу гласот Господов кој му рече:

32 ,Јас сум Богот на твоите татковци: Богот на Авраам, на Исак и на Јаков!‘ Мојсеј се стресе од страв и не се осмели да погледне.

33 Потоа Господ му рече: ,Собуј ги сандалите, зашто стоиш на свето место!

34 Видов како Мојот народ е измачуван во Египет и стенкањето негово го чув. Еве, доаѓам да го ослободам. Сега, оди во Египет, како Мој пратеник!‘

35 Оној Мојсеј, кого луѓето го отфрлија, велејќи му: ,Кој те поставил да ни бидеш владетел и судија!?‘ - Бог го испрати преку ангелот што му се појави во запалената грмушка, да им биде водач и ослободител.

36 Правејќи многу чуда и видливи докази, тој ги изведе од Египет, ги преведе преку Црвеното Море и ги водеше низ пустината цели четириесет години.