Дела Ап. 7:41-47 MNT

41 Така си направија од злато идол во форма на теле и му принесоа жртва, восхитени од својата ракотворба.

42 Тогаш Бог им сврте грб и ги остави да им служат на Сонцето, Месечината и ѕвездите, како да им се богови, токму онака како што е запишано во книгата на пророците: ,Народе израелски! Дали Мене Ми принесувавте жртви и приноси додека патувавте низ пустината, цели четириесет години, доме Израелов?

43 Не, туку си направивте идоли, за да им се поклонувате: Со себе ги носевте шаторот - светилиште посветено на богот Молех и ѕвездата на богот Реифан! Затоа ќе ве предадам во ропство, и ќе ве одведат во далечниот Вавилон!‘

44 Додека патуваа низ пустината, нашите предци го носеа заветниот шатор. Така им заповеда Бог. Тој му рече на Мојсеј да го направи според моделот што му го беше покажал‘

45 Многу години подоцна, под водство на Јошуа го донесоа во земјата што ја одзедоа од паганските народи, кои Бог ги истера пред нив. Таму остана се до времето на царот Давид.

46 Бог му беше благонаклонет на Давид и затоа Давид се осмели да побара од Бог дозвола да најде место каде што ќе изгради храм во кој Израелците ќе Му служат на својот Бог.

47 Сепак, Божјиот храм го изгради Соломон.