Дела Ап. 7:48-54 MNT

48 Но Севишниот не живее во градби направени од човечка рака. Како што самиот Бог вели преку пророкот Исаија:

49 ,Небото Ми е престол, а Земјата - подножје на Моите нозе. Каков дом ќе Ми направите вие?‘ - вели Господ - ,Какво место ќе Ми најдете за Мое живеалиште?

50 Зарем не е се со Мојата рака создадено?‘

51 Вие сте тврдоглав народ! Длабоко во себе вие сте како паганите! Глуви сте за вистината! И вие, како и вашите предци, постојано Му се противите на Светиот Дух.

52 Посочете ми еден пророк што не беше прогонуван од вашите предци! Тие ги убија пророците што го претскажаа доаѓањето на Праведникот, на Месијата, а кога Тој дојде, вие се свртевте против Него, Го предадовте и Го убивте.

53 Ангели ви го пренесоа Божјиот Закон и пак не го почитувате!“

54 Кога еврејските верски и национални водачи го слушнаа ова, зовреа од бес и почнаа да крцкаат со забите против Стефан.