56 рече: „Погледнете, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои од десната страна на Бог!“
57 Тогаш Евреите си ги затнаа ушите, и со силна викотница се нафрлија врз Стефан.
58 Го извлекоа надвор од градот и го каменуваа. Оние што сведочеа против Стефан ги соблекоа своите горни облеки и ги оставија кај едно момче по име Савле, да им ги причува.
59 Додека го каменуваа, Стефан гласно му се молеше на Бог, велејќи: „Господе Исусе, прими го мојот дух.“
60 Потоа падна на колена и силно извика: „Господе, не земај им го ова за грев!“ Го рече ова и почина.