1 Савле го одобруваше убиството на Стефан. Од тој ден почна големо прогонство против Црквата во Ерусалим, па сите христијани, со исклучок на апостолите, се раштркаа по јудејските области и по Самарија.
2 Неколку побожни луѓе го погребаа Стефан, оплакувајќи го на сиот глас.
3 Савле почна да ја уништува Црквата дом по дом. Влегуваше, ги извлекуваше и мажите и жените, и ги испраќаше в затвор.
4 Христијаните што се раштркаа поради прогонствата, одеа од место во место и ја проповедаа Радосната вест за Христос.
5 Филип, на пример, отиде во градот Самарија и на тамошните жители им проповедаше за Христос.
6 Сиот народ многу внимателно го слушаше она што Филип им го зборуваше и ги гледаше чудата што тој ги правеше.