4 Христијаните што се раштркаа поради прогонствата, одеа од место во место и ја проповедаа Радосната вест за Христос.
5 Филип, на пример, отиде во градот Самарија и на тамошните жители им проповедаше за Христос.
6 Сиот народ многу внимателно го слушаше она што Филип им го зборуваше и ги гледаше чудата што тој ги правеше.
7 Многу демонски духови со силен викот излегуваа од обземените и многу парализирани и сакати беа исцелени.
8 Во градот завладеа голема радост.
9 Имаше таму и еден човек по име Симон. Тој порано правеше магии и ги восхитуваше луѓето, тврдејќи за себе дека е голем човек.
10 Него го слушаа сите, од мало до големо, велејќи: „Овој човек е сила Божја - ,Голема сила‘.“