Дела Ап. 9:27-33 MNT

27 Тогаш Барнаба го доведе кај апостолите и им раскажа како Савле на патот се сретнал со Господ и зборувал со Него, па како во Дамаск смело проповедал за Исус.

28 Тогаш апостолите го прифатија. Савле остана извесно време со нив, движејќи се во Ерусалим и околината, смело проповедајќи за Господ.

29 Се расправаше и со некои елинизирани Евреи, но тие се обидуваа да го убијат.

30 Кога дознаа за ова, христијаните го одведоа во Цезареја, и оттаму го испратија за Тарс.

31 Тогаш низ цела Јудеја, Галилеја и Самарија, за Црквата настапи период на мир и растеж. Живеејќи со страхопочит спрема Господ и имајќи поткрепа од Светиот Дух, бројот на христијаните постојано се зголемуваше.

32 Посетувајќи ги христијаните, апостол Петар патуваше од место во место. Така пристигна и кај следбениците на Господ што живееја во градот Лида.

33 Таму сретна еден човек по име Енеј, кој осум години лежел парализиран.