5 „Кој сте Вие, господине?“ - праша Савле. Господ му одговори: „Јас сум Исус, Кого ти Го прогонуваш!
6 Стани и влези во градот; таму ќе ти биде кажано што треба да правиш!“
7 Луѓето што патуваа со него стоеја занемени, зашто слушнаа глас, а не видоа никого.
8 Савле стана од земјата, ги отвори очите, но ништо не гледаше. Водејќи го за рака, го одведоа во Дамаск.
9 Три дена не можеше да гледа, и ниту јадеше, ниту пиеше.
10 А во Дамаск имаше еден христијанин по име Ананија. Нему Господ му се јави во видение и му рече: „Ананија!“, а тој му одговори: „Еве ме, Господе!“
11 Господ му рече: „Стани, оди на улицата наречена ,Права‘, во куќата на Јуда. Таму има еден човек од градот Тарс, по име Савле. Ќе го најдеш како се моли.