Лука 1:1-7 MNT

1 Драги Теофиле, Мнозина почнаа да пишуваат за настаните што се случија кај нас.

2 Пишуваат за она што ни го пренесоа Христовите ученици, кои од самиот почеток беа очевидци и проповедници на она што Бог го направи преку Своето Слово.

3 И јас решив да ти напишам еден извештај, почитуван Теофиле, точно според редоследот на случките, откако претходно темелно ги проучив сите нив, од самиот нивни почеток,

4 за да се увериш во сигурната основа на учењето што си го примил.

5 Во времето кога Ирод царуваше над покраината Јудеја, живееше еден свештеник по име Захарија, по потекло од свештеничкиот ред на Авијах. Неговата жена се викаше Елисавета и беше потомка на свештеникот Арон.

6 Обајцата беа праведни пред Бога и целосно ги почитуваа сите Господови заповеди и правила.

7 Тие немаа деца, зашто Елисавета беше неротка, а веќе беа и во поодминати години.