28 Доаѓајќи кај неа, ангелот и рече: „Радувај се, зашто си преблагословена и Господ е со тебе!“
29 Марија се исплаши кога ги чу овие зборови и почна да размислува за значењето на необичниот поздрав.
30 Ангелот и рече: „Не плаши се, Марија, Бог ти е благонаклонет!
31 Ти ќе забремениш, ќе родиш Син и ќе Му дадеш име Исус.
32 Тој ќе биде велик и ќе биде наречен Син на Севишниот. Господ Бог ќе Му го даде Нему престолот од Неговиот предок, царот Давид.
33 Тој вечно ќе владее меѓу потомците на Јаков и Неговото царство ќе нема крај.“
34 Тогаш Марија му рече на ангелот: „Како ќе родам дете, кога јас сум девица!?“