31 Ти ќе забремениш, ќе родиш Син и ќе Му дадеш име Исус.
32 Тој ќе биде велик и ќе биде наречен Син на Севишниот. Господ Бог ќе Му го даде Нему престолот од Неговиот предок, царот Давид.
33 Тој вечно ќе владее меѓу потомците на Јаков и Неговото царство ќе нема крај.“
34 Тогаш Марија му рече на ангелот: „Како ќе родам дете, кога јас сум девица!?“
35 Ангелот и одговори: „Преку Светиот Дух, Кој ќе слезе, ќе те исполни и силата на Севишниот ќе се спушти врз тебе. Затоа и Детето што ќе го родиш ќе биде свето и ќе биде наречено Божји Син.
36 Еве, и твојата роднина Елисавета забремени, иако е веќе во поодминати години. Ја нарекуваа неротка, а еве, таа е сега во шестиот месец на бременост,
37 зашто, за Бог нема невозможни нешта!