51 Тој ја испружи Својата моќна рака и ги уништи оние што длабоко во себе се гордееја со своите мисли.
52 Ги симна од власт владетелите, а ги возвиши понизните,
53 ги насити гладните со благо, а богатите ги испрати со празни раце.
54 Му дојде на помош на Својот слуга Израел, припомнувајќи си за милоста
55 што им ја вети на нашите предци, за Авраам и за неговото потомство, довека!“
56 Марија остана кај Елисавета околу три месеци, а потоа се врати дома.
57 Дојде време Елисавета да се породи и таа роди син.