57 Дојде време Елисавета да се породи и таа роди син.
58 Кога нејзините соседи и роднини видоа дека Господ покажа кон неа голема благонаклоност, заедно со неа се радуваа и тие.
59 На осмиот ден по раѓањето го донесоа детето да го обрежат и сакаа да му дадат име Захарија, според името на татко му.
60 Но мајка му рече: „Не, туку ќе се вика Јован!“
61 Тие и велеа: „Па никој од твоите роднини не се вика така!“
62 Потоа преку знаци го прашаа таткото, како сака да се вика детето.
63 Захарија побара една плоча за пишување и напиша: „Ќе се вика Јован!“ Сите беа изненадени.