6 Обајцата беа праведни пред Бога и целосно ги почитуваа сите Господови заповеди и правила.
7 Тие немаа деца, зашто Елисавета беше неротка, а веќе беа и во поодминати години.
8 Еден ден, кога му беше редот на Захарија да ја извршува свештеничката служба во Божјиот храм,
9 тој беше избран со жрепка - според вообичаената практика меѓу свештениците - да влезе во храмот и да изврши кадење на жртвеникот.
10 За време на кадењето, народот беше надвор и се молеше.
11 Наеднаш, пред Захарија се појави ангел Господов и застана од десната страна на олтарот за кадење.
12 Кога Захарија го забележа, се стаписа и страв го обзеде.