62 Потоа преку знаци го прашаа таткото, како сака да се вика детето.
63 Захарија побара една плоча за пишување и напиша: „Ќе се вика Јован!“ Сите беа изненадени.
64 Во истиот миг, му се врати говорот на Захарија и тој почна да Го слави Бога.
65 По ова страв завладеа меѓу луѓето во тој крај, а за овие случки се расправаше по сиот планински предел на Јудеја.
66 Сите што ќе слушнеа за ова размислуваа и се прашуваа: „Што ли ќе биде од ова дете!?“, зашто беше очигледно дека со него беше силата Господова.
67 Тогаш Захарија, таткото на Јован (Крстител), се исполни со Свет Дух и го изрече ова пророштво:
68 Слава нека Му е на Господ, Израеловиот Бог, Кој му дојде на помош на Својот народ и го избави!