69 Тој ни подигна моќен Избавител од потомците на Својот слуга Давид.
70 Како што одамна ни беше ветил, преку устите на Своите пророци,
71 дека ќе нe спаси од нашите непријатели и од рацете на оние што нe мразат,
72 дека ќе им се смилува на нашите предци и ќе Си спомне за Својот свет Завет.
73 Тој со заклетва му вети на нашиот прататко Авраам
74 дека ќе нe избави од нашите непријатели и ќе ни овозможи да Му служиме на Бога без страв,
75 за да бидеме свети и праведни пред Него во текот на целиот наш живот.