71 дека ќе нe спаси од нашите непријатели и од рацете на оние што нe мразат,
72 дека ќе им се смилува на нашите предци и ќе Си спомне за Својот свет Завет.
73 Тој со заклетва му вети на нашиот прататко Авраам
74 дека ќе нe избави од нашите непријатели и ќе ни овозможи да Му служиме на Бога без страв,
75 за да бидеме свети и праведни пред Него во текот на целиот наш живот.
76 А ти, сине мој, ќе бидеш наречен пророк на Севишниот. Ќе Му бидеш претходница на Господ и ќе Му го подготвиш патот,
77 објаснувајќи им го на луѓето спасението што доаѓа преку простување на гревовите,