9 тој беше избран со жрепка - според вообичаената практика меѓу свештениците - да влезе во храмот и да изврши кадење на жртвеникот.
10 За време на кадењето, народот беше надвор и се молеше.
11 Наеднаш, пред Захарија се појави ангел Господов и застана од десната страна на олтарот за кадење.
12 Кога Захарија го забележа, се стаписа и страв го обзеде.
13 Но, ангелот му рече: „Не плаши се, Захарија! Молитвата ти е услишена! Твојата жена Елисавета ќе ти роди син и ќе му дадеш име Јован.
14 Ќе се радуваш и ќе се веселиш, а и многу други ќе му се радуваат на неговото раѓање.
15 Тој ќе биде голем во очите на Господ и нема да пие ни вино ни жесток пијалак, туку ќе се исполни со Светиот Дух уште во утробата на мајка си.