26 Исус, во одговор му рече: „Што вели за тоа Светото Писмо? Што си прочитал во него?“
27 Човекот одговори: „Сакај Го Господ, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сите свои сили и со сиот свој разум“, и „Сакај го својот ближен како себеси“.
28 „Токму така!“ - му одговори Исус. „Прави го тоа и ќе живееш.“
29 Но учителот на Законот сакаше да се оправда, па продолжи да Го прашува Исуса: „А кој е мојот ближен?“
30 Исус му одговори вака: “Еднаш, еден човек, слегувајќи од Ерусалим во Јерихо, беше нападнат од разбојници, кои го ограбија и натепаа, оставајќи го полумртов.
31 Се случи тука да помине еден еврејски свештеник. Тој го забележа човекот, но го заобиколи и си замина.
32 Истото се повтори кога тука помина и еден Левит: тој се доближи до човекот, го виде како лежи и си замина.