1 Еднаш, Исус се молеше на едно место, па кога заврши, еден од Неговите ученици Му рече: „Господе, научи нe и нас како да се молиме, како што Јован Крстител ги научи своите ученици.“
2 Исус им рече: „Кога се молите, молете се вака: Небесен Татко: нека се почитува Твоето свето име, нека дојде Твоето Царство.
3 Давај ни ја секојдневно храната што ни е потребна.
4 Простувај ни ги гревовите, како што и ние им ги простуваме на нашите должници. Не оставај да им потклекнеме на искушенијата.“
5 Потоа Исус продолжи: „Замислете си дека некој од вас оди на полноќ кај својот пријател и му вели: ,Пријателе, позајми ми три парчиња леб,