21 Кога силниот, целосно вооружен, го чува својот дом, имотот му е безбеден.
22 Но, кога некој посилен од него ќе го нападне и совлада, тој му го одзема оружјето во кое се надевал и му го зема пленот.
23 Кој не е со Мене - тој е против Мене! Кој со Мене не собира - тој растура!“
24 „Кога еден зол дух ќе излезе од човекот, тој скита по запустени места во потрага по спокојство, кое не го наоѓа. Тогаш ќе си рече: ,Да се вратам јас во моето претходно живеалиште!‘
25 При враќањето забележува дека неговиот поранешен дом е исчистен и уреден,
26 па оди и доведува уште седум духови, полоши од себе, со кои се враќа и се населува таму, така што состојбата на човекот сега му е уште полоша од претходната!“
27 Додека Исус го кажуваше ова, од народот се огласи една жена, и рече: „Благословена е жената што Те родила и одгледала!“