38 Фарисејот се изненади кога забележа дека Исус не го изврши еврејскиот ритуал на миење пред да седне да јаде,
39 а Господ му рече: „Да, вие фарисеите ги миете однадвор чашите и садовите, а однатре сте полни со лакомство и лошотија!
40 Безумници! Зар Оној што ја создал надворешноста не ја создал и внатрешноста?
41 Разделете им го на сиромашните тоа што е внатре, па сe ќе ви биде чисто!
42 Тешко вам, фарисеи, кои давате десеток дури и од нане, од седеф и од секакви билки, а ги запоставувате правдата и љубовта спрема Бог! Треба во прв ред да го правите тоа што го запоставивте, а дури потоа и останатото.
43 Тешко вам, фарисеи, кои сакате да седите на почесни места по синагогите и да ви искажуваат почит по плоштадите!
44 Тешко вам, бидејќи сте како необележани гробишта по кои луѓето врват, без да знаат по што одат!“