21 Ете, ваква ќе му биде судбината на секој што си напластува само земни богатства, а не се збогатува со она што вреди пред Бог!“ - заклучи Исус.
22 Потоа Исус им се обрати на Своите ученици: „Затоа ви велам: не грижете се премногу за храната и за облеката што ви е потребна.
23 Животот е многу повеќе од храната, и телото - од облеката.
24 Гледајте ги гавраните: ни сеат, ни жнеат, ниту имаат амбари и складови; нив Бог ги храни. А колку поскапоцени од птиците сте вие!
25 Може ли некој да си го продолжи животот преку грижи?
26 Па, ако не можете да постигнете ни толку мала работа, тогаш, зошто се грижите за останатото!?
27 Погледнете како растат полските цвеќиња: ниту работат, ниту предат, па, сепак, ви велам дека ни царот Соломон, во блесокот на својата слава, не беше накитен како едно од нив!