34 Зашто, срцето секогаш ќе ви биде таму каде што ви е богатството.“
35 „Бидете подготвени - облечени за работа и со запалени светилки -
36 како слуги што го очекуваат својот господар да се врати од свадбена веселба. Штом тој ќе пристигне и ќе затропа на вратата, тие веднаш му отвораат.
37 Блазе на тие слуги кои господарот ќе ги затекне будни кога ќе се врати. Ве уверувам дека тој ќе се зафати со работа, а нив ќе ги седне и ќе ги послужува!
38 Блазе ним ако ги затекне будни, макар тој да се врати на полноќ, или в рани зори!
39 Ова запомнете го: кога домаќинот би знаел во кое време ќе му упадне крадец, не би дозволил тој да му провали во куќата!
40 Така и вие, бидете подготвени, зашто Јас, Синот Човечки, ќе дојдам во час во кој не Ме очекувате!“