1 Во тоа време дојдоа некои луѓе кај Исус и Му кажуваа за група Галилејци што ги убил Пилат додека тие принесувале жртви во ерусалимскиот храм, така што нивната крв се измешала со крвта на жртвите.
2 А Тој им рече: „Немојте да мислите дека овие Галилејци биле најгрешните луѓе меѓу Галилејците, затоа што настрадале на ваков начин!
3 Не, туку, и вам ви велам: ако не се покаете - сите ќе изгинете така!
4 И немојте да мислите дека оние осумнаесетмина што беа згмечени кога врз нив падна кулата во Шилоах беа најгрешни меѓу жителите на Ерусалим!
5 Ви велам дека не беа најгрешни, но ако не се покаете - сите ќе изгинете така!“
6 Потоа Исус им ја кажа оваа споредба: „Еден човек имаше во лозјето насадено смоква. Кога дојде да набере плод од неа - не најде.
7 Тогаш му рече на лозарот: „Еве, веќе три години по ред доаѓам и барам плод на оваа смоква, но плод нема; затоа - пресечи ја! Зошто само да ја испостува земјата?“