17 Кога го рече тоа, се посрамија сите Негови противници, а народот им се радуваше на сите чуда што ги правеше Исус.
18 Потоа Исус рече: „Со што да го споредам Божјото царство?
19 Тоа може да се спореди со синапово зрно што ќе го посее човек во својата градина. Тоа израснува и се развива во стебло на кое и птиците слетуваат и си прават гнезда меѓу неговите гранки.“
20 Исус продолжи: „Со што да го споредам Божјото царство?
21 Тоа може да се спореди со квасец што го зема жена и го замесува со три мери брашно; и целото тесто нараснува!“
22 На пат кон Ерусалим, Исус патуваше низ градови и села, поучувајќи ги луѓето.
23 Некој го праша: „Господине, мал број ли ќе бидат луѓето што ќе се спасат?“ А Исус им се обрати на сите: