20 Исус продолжи: „Со што да го споредам Божјото царство?
21 Тоа може да се спореди со квасец што го зема жена и го замесува со три мери брашно; и целото тесто нараснува!“
22 На пат кон Ерусалим, Исус патуваше низ градови и села, поучувајќи ги луѓето.
23 Некој го праша: „Господине, мал број ли ќе бидат луѓето што ќе се спасат?“ А Исус им се обрати на сите:
24 Вратата кон небото е тесна, затоа трудете се да влезете низ неа. Ве уверувам дека мнозина ќе сакаат да влезат, но нема да можат!
25 Штом ќе стане домаќинот и ќе ја затвори вратата, тогаш, вие, ако останете надвор, ќе тропате и ќе викате: ,Господе, отвори ни!‘ А Тој ќе ви одговори: ,Не ве познавам кои сте и од каде сте?‘
26 Вие ќе викате: ,Со тебе јадевме и пиевме; Ти поучуваше по нашите улици!‘