7 Тогаш му рече на лозарот: „Еве, веќе три години по ред доаѓам и барам плод на оваа смоква, но плод нема; затоа - пресечи ја! Зошто само да ја испостува земјата?“
8 А лозарот му одговори: „Господару! Остави ја уште годинава. Јас ќе ја опкопам и ќе ја наѓубрам;
9 можеби тогаш ќе роди нешто. Ако и потоа не роди ништо - пресечи ја!“
10 Една сабота Исус поучуваше во синагогата.
11 Тука се најде една жена која беше обземена со демонски дух и боледуваше веќе осумнаесет години. Беше целата згрбавена и не можеше да се исправи.
12 Штом ја забележа, Исус ја повика кај Себе и и рече: „Жено, те ослободувам од твојата болест!“
13 Потоа ги стави рацете врз неа и таа веднаш се исправи, па почна да го прославува Бога.