1 Една сабота, Исус дојде на ручек во куќата на еден фарисеј, член на Големото собрание. Сите присутни Го држеа Исуса на око.
2 Тогаш на Исус Му пристапи еден човек со отоци на рацете и нозете,
3 а Исус им се обрати на учителите на верскиот Закон и на фарисеите, па ги праша: „Дали е во согласност со Законот да се врши исцелување и во сабота, или не?“
4 Тие молчеа. Тогаш Исус го допре болниот и го исцели, испраќајќи го здрав.