24 Ве уверувам, дека, ни еден од оние што беа поканети на почетокот, нема да вкуси од мојата вечера!‘“
25 По Исус врвеше голема толпа луѓе и Тој им се обрати со зборовите:
26 „Никој не може да дојде кај Мене и да стане Мој ученик, ако не Ме сака повеќе од татка си, мајка си, жената, децата, браќата и сестрите, па и од својот сопствен живот!
27 Кој не го носи својот крст и не оди по Моите стапки - не може да биде Мој ученик.
28 Кога некој од вас сака да изгради кула, не седнува ли прво да пресмета дали ќе има доволно пари да ја заврши градбата?
29 Во спротивно, може да започне со темелите и да заклучи дека не може да продолжи, па сите што ќе видат ќе му се подбиваат, велејќи:
30 ,Овој човек почнал да ѕида нешто што не може да го доврши!‘