3 а Исус им се обрати на учителите на верскиот Закон и на фарисеите, па ги праша: „Дали е во согласност со Законот да се врши исцелување и во сабота, или не?“
4 Тие молчеа. Тогаш Исус го допре болниот и го исцели, испраќајќи го здрав.
5 Потоа им се обрати ним: „Ако ви се случи синот или некое ваше добиче да падне в бунар во сабота, нема ли веднаш да го извадите, иако е сабота?“
6 Но тие и на ова не можеа ништо да Му одговорат.
7 Исус забележа дека некои од гостите ги одбираа почесните места за седење, па им го кажа следниов совет:
8 „Кога некој ќе те покани на свадба, не седнувај веднаш на почесното место, за да не дојде некој поважен од тебе,
9 па домаќинот што ве поканил и тебе и него, да дојде и да ти рече: ,Отстапи му го местото на овој гостин‘, а ти посрамотен да мораш да седнеш на последното место.