13 По неколку дни помладиот син го продаде својот дел и замина со парите во далечна земја. Таму ги потроши сите пари, живеејќи во разврат.
14 Кога потроши сe што имаше, земјата ја зафати голем глад и тој се најде во немаштија.
15 Отиде како наемник кај еден тамошен човек, кој го прати в поле да му ги чува свињите.
16 Страден беше да си го наполни стомакот со желадите што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.
17 Конечно, тој се свести и рече: ,Сите наемници кај татко ми имаат храна во изобилство, а јас овде гладувам!
18 Ќе станам, ќе појдам кај татко ми, и ќе му речам: ,Татко, ви згрешив и на Бог и тебе!
19 Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син. Прими ме кај тебе како наемник!‘