20 Така тој стана и се упати кај татка си. Додека тој беше уште далеку, таткото го здогледа како доаѓа. Му падна жал и му притрча во пресрет, го гушна и го бакна.
21 Синот почна да му зборува, велејќи: ,Татко, ви згрешив и на Бог и тебе! Повеќе не сум достоен да се нарекувам твој син ...‘
22 Но таткото го прекина, заповедајќи им на своите слуги: ,Донесете ја бргу најдобрата облека и облечете го! Ставете му и прстен на раката и обувки на нозете!
23 Доведете го најдоброто теле, заколете го - да јадеме и да го прославиме ова,
24 зашто, овој син беше мртов за мене, а сега оживе; беше загубен, а сега е најден!‘ И така започна прославата.
25 Постариот син, пак, беше на нива. Враќајќи се дома, тој уште оддалеку слушна песни и игри,
26 па, повикувајќи еден од слугите, го праша што се случува.