Лука 15:6-12 MNT

6 и ја носи дома. Потоа ги повикува пријателите и соседите и им вели: ,Радосен сум што си ја најдов загубената овца! Ајде да го прославиме тоа заедно!‘

7 Ве уверувам, дека, на сличен начин, поголема е веселбата на небото за еден грешник кој преку покајание се враќа кај Бог, одошто за деведесет и девет праведници на кои не им е потребно покајание!“

8 „Ако една жена има низа од десет сребреници и загуби еден од нив, нема ли да запали светло, да ја измете целата куќа и да го бара сребреникот, сe додека не го најде?

9 Па кога ќе го најде, ги повикува пријателките и сосетките и им вели: ,Радосна сум што си го најдов сребреникот! Ајде да го прославиме тоа заедно!‘

10 Ве уверувам, дека, на сличен начин, Божјите ангели се веселат за еден грешник кој преку покајание се враќа кај Бог.“

11 Исус продолжи: „Еден човек имаше два сина.

12 Дојде кај него помладиот син и му рече: ,Татко, дај ми го мојот дел од имотот, сега!‘ И таткото им го раздели имотот.