12 Токму кога влегуваше во едно село, Го пресретнаа десет заболени од лепра. Застанаа на извесно растојание
13 и повикаа: ,Исусе! Господару! Имај милост спрема нас!‘
14 Исус ги погледна и им рече: ,Одете на преглед кај свештениците!‘ Додека одеа таму, оздравеа.
15 Еден од нив, кога виде дека оздраве, се врати кај Исус, славејќи Го Бога на сиот глас.
16 Падна ничкум пред Исусовите нозе и почна да Му се заблагодарува. Тој човек беше Самарјанец.
17 Тогаш Исус рече: „Зар не исцелив десетмина? Каде се останатите девет души?“
18 Ниеден од нив не се врати да Му заблагодари на Бог, освен овој туѓинец.