16 Падна ничкум пред Исусовите нозе и почна да Му се заблагодарува. Тој човек беше Самарјанец.
17 Тогаш Исус рече: „Зар не исцелив десетмина? Каде се останатите девет души?“
18 Ниеден од нив не се врати да Му заблагодари на Бог, освен овој туѓинец.
19 Потоа Исус му рече: „Стани и оди си, твојата вера те исцели!“
20 Еден ден, некои од фарисеите Го прашаа Исуса: „Кога ќе завладее Божјото царство?“ Неговиот одговор гласеше: „Божјото царство не доаѓа на видлив начин.
21 Не може да се каже: Еве го овде! или Ене го онде! Божјото царство е меѓу самите вас.“
22 Потоа им рече на Своите ученици: „Ќе дојде време кога ќе копнеете да Ме видите Мене, Синот Човечки, макар и само еден ден, но нема да Ме видите.