28 Состојбата во светот ќе биде како во времето на Лот: луѓето си продолжуваа да јадат, да пијат, да купуваат и да продаваат, да садат и да градат.
29 Но штом Лот излезе од Содом, од небото се истури оган и сулфур и сите ги погуби.
30 Истото ќе се случи и кога ќе се вратам Јас, Синот Човечки.
31 Во тој ден, оној што ќе се најде на покрив, нека не слегува по својата покуќнина! Тој што ќе се најде в поле, нека не се враќа дома!
32 Сетете се што и се случи на Лотовата жена!
33 Оној што ќе настојува грчовито да си го зачува животот - ќе го загуби, а тој што до смрт ќе го вложи во Божја служба - ќе го запази!
34 Таа ноќ, од двајца што ќе спијат во ист кревет - едниот ќе биде земен, а другиот оставен.