5 Апостолите Го замолија Господ Исус: „Зголеми ја верата во нас!“
6 А Исус им одговори: „Ако имате вистинска вера само колку едно синапово зрно, би можеле да и кажете на оваа црница: ,Искорни се и пресади се в море!‘ - и таа ќе ве послуша!“
7 „Замислете си дека имате слуга кој сте го пратиле да ора или да ви ги пасе овците. Кога ќе се врати од полето, дали најпрво му велите: ,Седни и бргу вечерај!?‘
8 Нема ли најпрво да му заповедате да подготви вечера за вас, да се препаше и да ве служи, па дури потоа тој да јаде и да пие?
9 Зар му должите благодарност на слугата што ја извршил вашата заповед?
10 И вие сте во слична положба: ако го извршите сето она што ви е заповедано, можете само да кажете: ,Ние сме само слуги кои си ја вршат својата должност, свесни дека за тоа не ни следува никаква пофалба.‘“
11 На Својот пат кон Ерусалим, Исус минуваше по должината на границата меѓу Самарија и Галилеја.