13 Пред да замине, тој ги повика своите десет слуги, им даде десет големи сребреници, па им рече: ,Тргувајте со овие пари додека се вратам.‘
14 Неговите сограѓани го мразеа овој човек и по него испратија гласници да порачаат: ,Не сакаме тој да царува над нас!‘
15 Човекот сепак беше прогласен за цар и се врати во својот крај. Веднаш заповеда да ги повикаат слугите на кои им ги беше дал парите, за да чуе кој колку спечалил.
16 Дојде првиот и му рече: ,Господару! Со твојот сребреник спечалив уште десет сребреници!‘
17 Господарот му одговори: ,Одлично! Ти си добар слуга! И бидејќи ја оправда довербата во оваа мала задача, еве, те поставувам за управител над десет градови!‘
18 Дојде вториот слуга и му рече: ,Господару! Со твојот сребреник спечалив уште пет сребреници!‘
19 Господарот и нему му одговори: ,Тебе те поставувам за управител над пет градови!‘