19 Господарот и нему му одговори: ,Тебе те поставувам за управител над пет градови!‘
20 Дојде и третиот слуга и рече: ,Господару! Еве ти го назад твојот сребреник. Го чував врзан во шамиче,
21 зашто се плашев од тебе, знаејќи дека си строг човек: земаш од каде што не си вложил и жнееш каде што не си сеел!‘
22 Но Господарот му рече: ,Расипан слуго! Твоите зборови ќе ги искористам за да те осудам! Кога си знаел дека сум строг човек и дека земам од каде што не сум вложил и жнеам каде што не сум сеел,
23 зошто не го вложи мојот сребреник во некоја банка, па кога ќе се вратев, ќе си го подигнев со камата!?‘
24 Потоа, господарот им рече на оние околу него: ,Земете го сребреникот од него и дајте му го на оној што има десет сребреници!‘
25 Тие му рекоа: ,Господару, тој веќе има десет сребреници!‘